Предводникот на Болоња, Синиша Михајловиќ се врати во болницата „Сант Орсола“ за да ја прими третата а воедно и последната хемотерапија. Српскиот стручњак пред почетокот на сезоната откри дека боледува од леукемија и затоа ја посетува болницата во близина на Болоња.
Михајловиќ на терапија заминал веднаш после мечот кој Болоња го одигра со Јувентус во Торино. Водечката екипа на табелата после голема борба славеше со 2-1 и запиша нови три бодови на табелата во Серија А.
Како што пренесува италијанска „Газета“, Михајловиќ им честитал на фудбалерите за прикажаната игра против Јувентус и со приватно возило заминал кон болницата во Болоња.
После третата терапија, докторите ќе направат нови анализи и ќе кажат дали има напредок и во каква ситуација се наоѓа Михајловиќ.
OhridNews