Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ е вистински пример како со дисциплираност, одговорност и слушање на лекарските препораки се излегува како победник од битка со тешка болест. На почетокот од фудбалската сезона на Михајловиќ му беше дијагностицирана леукемија. Србинот после неколку месечна борба ја преброди болеста и му се врати на фудбалот. Сега, поради коронавирусот Михајловиќ е во карантинт без право на излегување.
Поминав три месеци во болничка соба, без право да отворам прозорец. Дали на некој му е проблем да остане дома со семејството, да лежи на креветот гледајќи телевизија или пак да чита книга? Па искрено, за мене сево ова е привилегија. Реков многу пати дека ќе го ценам секој момент, после периодот поминат во болница. – изјави за италијанскиот „Газето дело Спорт“.
Михајловиќ кој е тренер на Болоња уверен е дека ситуацијата ќе се смири и животот пред се во Италија ќе се нормализира.
Верувам дека се ќе помине. После тоа повторно ќе биде убаво за живеење. Очекувам спортот да продолжи, но прво мора да помине оваа не сакана ситуација. – додаде Михајловиќ.
Сите спортски збиднувања во Италија се стопирани до 3 април. Постојат шансс суспензијата да се пролонгира со оглед дека заразувањето со коронавирусот зема се поголем замав.
OhridNews