Борислав Михајлов повторно е избран за претседател на Фудбалската федерација на Бугарија (БФУ), добивајќи ја довербата на денешниот вонреден конгрес во Софија.
Од вкупно 480 делегати кои гласаа, 241 го поддржаа Михајлов, додека 230 му изразија поддршка на неговиот главен противник и бугарска фудбалска легенда Димитар Бербатов.
Михајлов (58) е поранешен репрезентативен голман со 102 настапи за националниот тим, а беше и член на Извршниот комитет на УЕФА.
За претседател на БФУ кандидатури истакнаа Борислав Михајлов, Димитар Бербатов, Христо Порточаров, Христо Христов, Георги Захариев и Ивајло Дражев.
OhridNews