Ракометарите на Охрид, денеска, 2 октомври, во рамки на 5-то коло од Супер Лигата, ГРК Охрид, на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на РК Скопје 2020.
Во очи мечот во Спорт + на OhridNews разговараме со левиот бек на ГРК Охрид и репрезентативец, Михајло Младеновиќ. Тој вели дека Скопје е млада но компактна екипа, која никако не смее да се потцени и дека само со стопроцентно залагање може да се стигне до целта, а тоа е триумф кој Охрид ќе го задржи во врвот на табелата во Супер лигата, која оваа сезона е исклучително силна.
Билетите за натпреварот ГРК Охрид – РК Скопје, по цена од 100 денари може да се купат на билетарата при СРЦ Билјанини Извори.
Присуство на публика е дозволено до 30 % од вкупниот капацитет на салата со прикажување на сертификат/потврда за извршена имунизација или или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена.
За време на мечот гледачите задолжително мора да носат заштитна маска.
Натпреварот почнува во 18:30 часот.
Г.М.