Михајло Младеновиќ е единствен ракометар од Охрид на поширокиот список од 35 играчи кој селекторот Кирил Лазаров, денеска, го објави за завршните два натпревари во квалификациите за Европското првенство 2022 година.
Македонската ракометна репрезентација се наоѓа на добар пат да се пласира на континенталниот собир. На „црвено жолтите“ им треба само една победа од последните два мечеви. Во претпоследниот, Македонија, силите ќе ги одмери со Финска нагости, а во вториот, на домашен терен ќе ја пречека Швајцарија.
Македонија, според сите проценки, ќе заврши на втората позиција, но и таа ќе биде доволна за билет за учесто на ЕП.
- Списокот на Лазаров:
OhridNews