Екипата на Воска Спорт продолжи со засилување на ростерот за претстојните мечеви во Втората македонска фудбалска лига-запад. На „Грашница“ пристигна Михајло Јакимоски.
Јакимоски е фудбелер со долгогодишно второлигашко искуство кој може да помогне на сите офанзивни позиции во екипата. Јакимоски последниве шест месеци ги помина во Скопје, а претходно настапуваше за Кораб и Лабуништа.
Јакимоски е шесто ново име кај дебитантот во Втората лига. Претходно, Воска Спорт ја засилија Изаир Емини, Енис Дервиши, Емир Алиу, Шпенд Асани и Ардит Демир.
OhridNews