Внатрешните миграции и миграциите надвор од Македонија, младите и нивниот ангажман, управувањето со отпадот, учеството на младите во донесување на одлуки, солидарноста на граѓанските организации, се само дел од темите за кои се расправаше на Регионалниот форум за соработка што во организација на Цивика Мобилитас , а под мотото „ Твој простор, твој глас“ се одржува во Охрид.

Форумот на заинтересираните граѓани и граѓански организации им дава можност  да ги изберат приоритетните области и да работат заедно на идентификување теми за идни активности. Присутните имаа можност да споделат искуства за ефективна соработка за општествена промена.

Споделуваме искуства, идеи  , што треба да се работи за она што знаеме дека нашите граѓани го имаат како проблем. Со споделувањето се овозможува и заедно да се помогне во остварување на наши мисии и цели како организации и да се осмислат заеднички акции кои би се спроведувале во текот на наредните месеци, вели Даниела Стојанова од Цивика Мобилитас.

Цивика Мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Спроведувањето започна во октомври минатата година и ќе трае четири години.

OhridNews