Владата на седница, ги усвои измените на Законот за азил и привремена заштита, кои по итна постапка ќе одат на расправа во Собранието. Со измените на Законот, секој мигрант што ќе ја мине границата ќе добие потврда дека во земјава може да остане најмногу 72 часа, по што ќе мора да ја напушти Македонија или да побара азил. Ќе можат легално да платат превоз и други услуги.

Владата донесе одлука да се формира работна група од министрите за надворешни работи, за здравство, за полиција, локална самоуправа и социјала којашто ќе ги следи состојбите со мигрантите и ќе презема мерки и чекори во согласност со своите надлежности.

Граѓанските организации вчера побараа подобри услови за мигрантите сместени во Центарот за азил, а народниот правобранител, Иџет Мемети кој ги посети, констатираше дека живеат во нечовечки услови.

Десетици мигранти загинаа на пругите низ Македонија, бидејќи досега јавниот превоз за нив не беше легален, па одеа пешки по пругите.

OhridNews

извор Макфакс