Навистина можам да изразам големо задоволство од името на македонската Влада за овој би рекол историски момент, бидејќи за прв пат на долг рок се постигнува договор кога станува збор за зголемување процентуално на паричната маса која што е потребна за да се исплаќаат платите на здравствените работници, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Навистина постигнавме еден договор кој што има историска димензија, покрај овие коефициенти кои што зборувавме сега што би значело зголемување за 10 проценти на паричната маса која што се издвојува за плати. Веќе следната година во март месец ќе имаме дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, следната година 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа. Истото тоа зголемување од 5 до 7 процени на паричната маса ќе биде и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година. Или кога ќе го земете целиот овој период во низа добиваме зголемување на паричната маса потреба за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски во своето обраќање им се заблагодари на синдикалните организации кои, како што истакна, конструктивно учествувале во процесот со свои идеи, заедно со Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување.

Следно, вели, се реформи во самиот здравствен систем за граѓаните го добијат она кое што го заслужуваат.

OhridNews