Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, остварил средба со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук.
Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите, напиша Мицкоски во објавата.
Мицкоски присуствуваше на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Инаугуративните активности, како што објави на Фејсбук, ги следел заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон.
Премиерот оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
OhridNews