Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа, откако во неделата вечерта Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди петнаесетте членови.

Мицкоски нагласи дека граѓаните имаат големи очекувања, бидејќи како што рече, изминативе седум години земјава била заробена од неколкумина властодршци.

Ја поднесов предлог-програмата за идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заедно со програмата е поднесен и списокот за членовите на идната влада како придружен список се и нивните биографии. Очекувам пред пратениците да биде ставен викендов, односно на 22-23 јуни. Граѓаните очекуваат брзи резултати за она што оваа влада го ветуваше дека ќе го испорачува. Не ветувавме многу за време на кампањата, туку верувавме дека земјава ќе биде повторно на граѓаните. Изминативе седум години државата беше заробена од неколкумина властодршци, рече Мицкоски.

Тој истакна дека има група луѓе, којашто е мотивирана веднаш да постигне резултати и изрази очекување секој да се вложи повеќе од нивниот капацитет, бидејќи, посочи, граѓаните го направија своето, сега на ред сме ние.

Нагласи дека ќе води бескомпромисна борба со криминалот и нема да има толерирање, без разлика од која партија доаѓа злоупотребата. Мицкоски рече дека во последниов период до нив стигнуваат бројни информации за злоупотреби кои се случувале изминатите седум години.

Планираме да расчистиме со сомнежите и информациите кои последниов период стигаат до нас, за многу злоупотреби изминативе седум години, тоа им го должиме на граѓаните. Очекувам брзи резултати во делот на економијата. Младите ќе бидат наш главен акцент, сведоци сме на класичен егзодус на млади кои ја напуштаат земјава, за жал 8/10 мои студенти кога ќе ги прашате за нивните планови по завршувањето на студиите, велат дека одлучиле да ја напуштат земјава. Таа перцепција треба да се промени, со напорна работа, без поделба од прв, втор и трет ред граѓани, рече Мицкоски.

Посочи и дека младите ќе бидат во фокусот на работењето на новата влада.

Младите ќе бидат наш главен акцент исто така сведоци сме дека имаме класичен егзодус на млади луѓе кои што ја напуштаат Македонија и својата иднина ја бараат некаде далеку од овде за жал 8 од 10 мои студенти кои ќе ги прашате после дипломирањето каде понатаму велат одлучивме да ја напуштиме Македонија бидејќи овде нема перспектива, нема иднина, тоа треба да се промени, таа состојба и перцепција треба да се промени, како, само со напорна работа, да го оставиме срцето на терен, да немаме поделба на граѓани од прв ред и граѓани од втор и трет ред, односно сите да се чувствуваат подеднакво, да нема политичка каста која што ќе биде привилегирана а сите останати да бидат граѓани од втор, трет ред па и понизок ред, тоа јас го гарантирам лично, дека нема да се случува, рече тој.

Мицкоски го повтори предлогот за идна влада, односно досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство како кадар со долгогодишно искуство во ресорот, Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.

Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

За министер за жвиотна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата, е предложен Изет Меџити од коалицијат Вреди, министер за здравство Арбен Таравари, министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министер за економија Бесар Дурмиши. За министер без ресор и заменик претседател на владата задолжен за добро владеење е предложен Арбен Фетаи.

За министер за правда е предложен Игор Филков, додека за министер за јавна администрација Горан Минчев од Движењето ЗНАМ.

Гласањето за новата влада се очекува да се случи овој викенд. Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

OhridNews

фото. ВМРО ДПМНЕ