Премиерот Христијан Мицкоски изрази длабоко жалење за страшната трагедија во Кочани.

Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат сè што е во нивна можност барем малку да ја ублажат нивната болка и да им помогнат во овие најтешки мигови, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

Тој ги повика сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти – да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства.

Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија, додаде премиерот.

Мицкоски најави обраќање до јавноста во текот на денот и повика на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност.

Г.М.