Речиси сити банки прифатија да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот заем, а со кои треба да се кредитираат македонските компании, рече премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на компанијата „Костал“ во Охрид. Посочи дека кредитите за компаниите ќе бидат до дест милиони евра и тоа за инвестиции, а минималното учество на инвеститорот е 20 проценти од самиот проект.
Каматата ќе биде 1,95 проценти која што ќе ја добијат компаниите, нешто што претставува најниско во регионот и во Европа, до три години грејс период, до 15 години рок на отплата во зависност од барањата на кредитобарателот, има компании коишто сакаат помали рокови. Затоа го ставивме тоа да биде и флексибилно.Така што, сите оние коишто ќе инвестираат во основни средства за работа, во производни системи од обновлива енергија ќе користат итн., ќе бидат дел од овој проект, изјави Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање за изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче за издавањето на кредитите за стопанството, Мицкоски посочи дека понекогаш се чуди на изјавите од опозицијата.
Имам чувство како некој намерно да го мести. Тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стигаат навистина позитивни вести, воодушевување итн., и благодарности, само од него успеавме да слушнеме критика. Немам што да коментирам, вели Мицкоски.
Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски