Денес во рамките на посетите “Важно е! Од тебе зависат промените”, лидерот на ВМРО ДПМНЕ оствари средба со охридските пензионери, каде разговора за сите теми кои ги засегаат.

Ниските пензии, тешкиот живот, уставните измени и бугарскиот диктат кој не го прифаќаме, за законот за амнестија. Им кажав дека сето ова ќе го промениме. Ќе воведеме нов модел за пензии, кои мора да бидат повисоки и достоинствени. Пензионерите заслужуваат огромно внимание и тоа ќе го добијат. Важно е да ги менуваме работите и тоа зависи од секој еден од вас. За секоја тема имаме решенија, и за секое прашање ќе имаме одговори и понуда, рече Мицковски.

Претходно, беше разговарано и за колекторскиот систем на Охридското Езеро и начините како тој да се ревитализира и да се зголемат неговите капацитетите како еден од клучните приоритети по премената на власта.

Важно е, потенцираше, да се заштити животната средина и развојот на Охрид да биде приоритет.

Мицкоски истакна и дека затворениот базен во Охрид ја доживува истата судбина како и автопатот Кичево Охрид.

Целосно е запрена изградбата, а Агенцијата за млади и спорт во чија надлежност е градбата не покажува никаков интерес.  Глупост е тврдењето на Владата дека не го граделе базенот зошто не бил финансиски исплатлив. Постојат стратешки проекти кои мора да се реализираат. На средбата со спортските работници истакнав дека важно е новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да инвестира во спортот и во стратешки објекти кои ќе придонесат за спортски радости и шампионски резултати, потенцираше Мицкоски.

Средба и разговор Мицкоски ќе оствари и со граѓаните во с. Трпејца за државен проект за изградба на канализациона мрежа, а во 18 часот во Пештани, ќе изврши увид во изградбата на спортското игралиште и ќе оствари средба со граѓаните.

Н.С.Ј.