Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ во делот на инфраструктура посочи дека најголем дел од проектите ги задвижиле во позитивна насока, укажувајќи дека за разлика од претходно, сега се градат автопатите.
Ако гледаме што се случуваше еве шести месец можам да кажам дека најголем дел од проектите ги задвиживме во позитивна насока, за еден зборувавме од делницата Врбјани до Охрид тие 40тина километри практично ќе очекувам оваа туристичка сезона да се возат, а компаниите кои работеа на таа делница не им беа платени фактурите од ноември месец 2023 година. Сега се тековни тие фактури, значи зборам па да не претераме некаде 70-80 милиони долари, објасни Мицкоски.
Посочи дека на делниците кои се дел од коридорот 8 и 10д, како Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола покрај тоа што биле исплатени 15 милијарди денари аванс на терен реално немало никакви работи, ништо не се случувало.
Денеска веќе имаме фронт од 30-40 километри вкупно на двете делници. Ако земете дека сето тоа е 110 километри сите 4 делници зборам Гостивар- Букојчани, Требениште-Ќафасан, Прилеп-Битола и Гостивар-Тетово тоа значи дека ние работиме на отворена траса на 40 километри. Е сега Требениште-Ќафасан немаме отворена делница бидејќи 90 проценти е приватно земјиште и е во периметарот на заштитеното земјиште според УНЕСКО. Што се однесува до Тетово-Гостивар треба да се направи пат кој што кога ќе почнат активностите на овој пат кој што е постојан ќе ги сервисира граѓаните. Можете да замислите што ќе се случува во лето рече премиерот Мицкоски и додаде дека експресниот пат до Крива Паланка до крајот на годината ќе биде готов, истакна Мицкоски.
Додаде дека и експресниот пат од Чатал од Страцин конкретно преку Длабочица до Крива Паланка до крај на година ќе биде готов, а и патот од Градско-Дреновска Клисура-Фариш од прилика до март април следната година ќе биде готов.
OhridNews