Планирано е да се објави оглас за прием на 300 професионални војници во македонската Армија, соопшти денес премиерот Христијан Мицкоски, по работната посета на скопско Марино.
Ги повика сите млади луѓе коишто сакаат да се пријават и рече дека се добредојдени доколку сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата.
Ги повикувам сите граѓани, сите граѓани без разлика на етничката припадност, сите коишто сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти, секој оној којшто ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите буквално, сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина, посочи Мицкоски.
OhridNews