Американските научници разработиле брусхалтер чиишто сензори го следата расположението на жената и при зголемување на нивото на стресот испраќаат предупредување до нејзиниот смартфон, објави интернет страницата на американскиот Универзитет Рочестер, пренесува „Макфакс“.
Американскиот информатички гигант Microsoft, чиишто експерти учествувале во развојот на паметниот градник, исто така во средата објави дека прототипот содржи сензори коишто ја следат работата на срцето и промените на кожата за да се утврди постоење на стрес. Целта е да се утврди дали оваа технологија којашто може да се носи може да помогне и во спречувањето на прејадувањето поврзано со стресот.
Жената којашто го носи градникот ја прима информацијата со помош на апликацијата на паметниот телефон која ја предупредува кога ќе настапи емотивната потреба за храна. Градникот е искористен, бидејќи е идеален за очитувањето на ЕКГ-то, додека напорите да се изработи сличен дел од облеката за мажи не донесе резултата, поради тоа што ниеден не овозможува литење на ЕКГ-то, додаваат од Microsoft.
Експертите на Microsoft велат дека во градникот, покрaј ЕКГ вклопиле и сензори коишто ги следат елетродермалните активности на кожата, како што се жироскопот и брзиномерот. Им останува, како што тврдат, да го решат проблемот со честото полнење на батериите за уредот.
Ерин Керол од Универзитетот Рочестер во соработка со експертите од Microsoft и нејзините колеги од британскиот Универзитет Саутемптон го спровеле истражувањето во кој со помош на мобилната апликација ги следеле расположенијата на 12 лица, од кои двајца биле мажи. Тие откриле дека половината од испитаниците имале склоност да се прејадуваат додека се под стрес, за што им е неопходна помош да имаат при раце навреме потсетник за применување на техниките за олеснување на стресот, како што се вежбите за дишење.
Универзитетот Рочестер објави дека научниците го опремиле градникот со уред за електрокардиографија и електроспроводливоста на кожата, која се менува при потењето на лицето што може да укажува на возбуда.
Четири жени коишто го тестирале уредот, морале да го носат 4 до 6 часа дневно, а градникот до научниците испраќал информации за промената на нивните емоции. Споредбата на податоците од уредот, на научниците им овозможило да создадат алгоритам кој го распознавал нивото на возбуденоста кај жените со 75-процентна точност.
Уредите за следење на здравствената состојба кои можат да се носат на телото, станува сé попопуларни во последно време. Така во октомври годинава беше објавено дека е направен градник кој испраќа порака на Twitter секогаш кога ќе биде откопчан. Според пронаоѓачите на овој градник, намерата е да се охрабрат жените почесто да се проверуваа т за рак на дојката.
OhridNews
извор:„Макфакс“