На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ, објави на социјалните медиуми лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните. Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ. – напиша Мицкоски.
Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна, стои меѓу другото во објавата на Мицкскоски.
На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и…
Geplaatst door Hristijan Mickoski op Maandag 15 juni 2020