Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски доцна попладнево го посети Охрид. Тој во населбата Видобишта одржа средба со граѓани на којаизрази уверување дека на претстојните избори на 5 мај, охриѓани ќе го изберат за градоначалник кандидатот на ВМРО ДПМНЕ д-р Митре Милошевски, а за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.
Знам дека Митре ќе биде идниот градоначалник, затоа што тој е изборот на граѓаните на Охрид. Честит човек, домаќин, работлив, срдечен и питом. Вистински избор каков му треба на Охрид, наспроти неработата, неспособноста и корупцијата на власта која управува со Охрид. Овде одиме на двојна победа, Митре за градоначалник и Гордана за претседателка на Македонија. Затоа што на народот му е преку глава од многуте лаги, невистини, предавства, криминали на власта. Изборот е едноставен, или се согласувате со власта и со тоа како живеете, или сакате промени кои ќе донесат правда над неправдите, развој наспроти назадувањето. Да одбереме убав Охрид и правда за Македонија. Татковината повикува! – напиша на својот Фејсбук профил по посетата на Охрид, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
OhridNews