„Имаме една масовна депресија, една масовна стагнација во сите пори во општеството, но од друга страна можеме да видиме една исклучително скапа пропаганда, една машинерија која што врши класичен напад на менталниот склоп на сите граѓани во Република Македонија. Се обидува граѓаните да ги убеди во нешто во што и самите не веруваат, бидејќи доколку веруваа ќе знаеја дека сето ова немаше да им биде потребно.“ Ова го истална лидерот на опозциската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при вчерашната посета на Кавадарци.

  • Една чудна слика се случува во, можам најблаго да се изразам во Република Македонија. Од една страна ја имаме најнеспособната влада во поновата историја на Република Македонија, од друга страна имаме најскапо платената пропагандна машинерија кој што некогаш зачекорила во медиумскиот простор во Република Македонија.Граѓаните се паметни, граѓаните знаат да оценат. Мислам дека сето ова ќе биде залудно потрошени средства на граѓаните на Република Македонија, наместо истите да беа искористени во насока да биде подобрен квалитетот на живот на граѓаните. – рече Мицкоски.

OhridNews