Мерките за стопанството и граѓаните кои ги донесе Владата се причина за огромна и сериозна загриженост дека не чека црна и тешка економска криза. Помошта која ја дава Владата не само што е задоцнета, прекасна туку и недоволна. Ова денеска на прес конференција го изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи го новиот пакет мерки на Владата за помош на стиопанството кое се соочува со сериозни проблеми поради актуелната криза предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

Пакетот мерки е огромно разочарување за граѓаните и бизнисот, по вторпат. Ова е далеку од доволно. Кога состојбата не била трагична сигурно некој ќе каже дека Владата се шегува со вакви мерки за стопанството. Не викам дека нема поединечни мерки кои не се добри, и нема да помогнат. Но ви викам, ви тврдам дека целиот пакет за помош не е вистински и не е доволна помош која му треба на стопанството и граѓаните. – рече Мицксоки.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ рече дека овој пакет нема споредба со она што го нудат државите од регионот. Србија помошта од 5 милијарди евра ја понуди кон граѓаните и бизнисот. Словенија 3 милијарди евра, Грција 6.8 милијарди евра и итн. Во Словенија сите само вработени од погодените бизниси ќе добијат помош од 700 евра. А, државата ќе им ги плати придонесите, 150 евра ќе добијат и сите редовни студенти во Словенија. Додаток на плата од 100 евра ќе добијат и семејствата со три или повеќе деца. А, оние кои ќе имаат дури и повеќе од три ќе добијат помош од 200 евра месечно, додаде тој.

Ќе започнам од првата и суштинска мерка која што треба на сите најпогодени компании од пандемијата и од економската криза да им субвенционира по 14.500 денари трошоци за ликвидност кои што понатаму би ги искористиле компаниите во месеците април и мај односно најдоцна до 15-ти мај да бидат исплатени за месецот април, односно најдоцна до 15-ти јуни за месецот мај. Чудно зошто не се споменува месецот март бидејќи вонредната состојба и сите оние компании кои што се погодени од оваа пандемија и кои што практично го затворија бизнисот се жртви на пандемијата и ги чувствуваат последиците уште од месец март, а вработените во тие компании, во тие бизниси треба да добијат плата за месец март која што би се исплатила во април. А, сопствениците на тие бизниси бидејќи остваруваат приход нула во овој момент не знаат како да ги обезбедат обврските кон вработените кои што и онака не одат на работа и не работат поради пандемијата која што ни се случува во државата. – истакна Мицкоски

Според Мицкоски, предложената мерка не само што нема да помогне во справување со кризата на бизнисите туку дополнително ќе ја отежни работата на компаниите бидејќи практично државата ги остава сами на себе, сопствениците на бизниси два месеци почнувајќи од 15-ти март до 15-ти мај да се снајдуваат како знаат и умеат за да бизнисите опстанат и да ги задржат вработените во тие бизниси.

OhridNews