Целосно сме фокусирани на тоа што е приоритет за граѓаните, а тоа се здравјето и економијата, истакна  претседтелот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција одржана денеска.

Тој ги понуди капацитетите на партијата и личните капацитети за надминување на последиците од кризата предизвикана од коронавирусо Ковид 19. Рече дека е подготвен лично пред владата да го образложи сетот мерки за надминување на економските последици.

Што се однесува до изборите, лидерот на ВМРО ДПМНЕ рече дека сега не е време да се размислува за избори и дека за тоа ќе се разговара кога ќе се создадат услови.

OhridNews