Доколку актуелниот премиер Зоран Заев не ја поднесе најавената неотповиклива оставка до утре до 14:30 часот, новото мнозинство ќе ја поднесе иницијативата за гласање недоверба  на Владата до парламентот, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски ги повика останатите пратеници, како што рече 59 пратеници, да се приклучат кон мнозинството кое застанува зад иницијативата за недоверба на Владата.

Отворена е вратата за секој што мисли дека оваа Влада на Заев не е добра. Секој што ја поддржува оваа Влада, нормално дека нема да биде дел од пратениците кои ќе гласаат недоверба. Тука не постои политичка партија, туку се работи за пратеници. Вкупно 61 застанаа зад иницијативата. Ги повикувам и останатите да се придружат, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Мицкоски додаде дека по поднесувањето на иницијативата, процедурата ќе биде во рацете на претседателот на Парламентот кој треба да ги почитува постапката и роковите.

 

OhridNews