Македонија се соочува со огромна здравствена и би рекол национална катастрофа. Само денес 383 новозаразени, додека 7 животи згаснаа поради Ковид, тоа се 7 семејства кои изгубија свој близок, 7 места помалку на трпезите во 7 семејства. Тоа се личности со име и презиме, а не само бројка. Денес секој 4ти кој се тестирал за Ковид е позитивен. Оваго изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по повторно високиот број новозаразени  и во текот на вчерашниот ден.

За таквата состојба Мицкоски ја обвини Владата.

Што направи Владата? Владата дава пари од 270 илјади евра за берберница и пари за обука на магариња и коњи. Имате две опции, или системот мора да профункционира за да се спасат животи или оставки веднаш. Животите се прескапи за мафијата толку евтино да си игра со нив. – истакна Мицкоски.

OhridNews