Лидерот на ВМРОД ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес конференција што се одржа денеска, најави дека неговата партија би направила отстапка и би се согласила со избори во средината на јули, за што е потребно да се прогласи нова вонредна состојба и да се изработат соодветни протоколи за заштита на здравјето на граќаните.

Короната ќе ја победиме заедно, но за да дојдеме до тоа мораме прво да ги победиме на избори. Да го победиме на избори оној вирус кој подеднакво разорно ја разградува државата наречено ова раководство на СДСМ. Но, притоа мора да се внимава на секој аспект како и времето кога тие ќе се одржат. Јас нема да лиферувам со бројки, ниту пак да споменувам датуми. Тоа не е сериозно, а за вака крупни прашања договор не може да има преку одговори и препукувања низ медиуми. – рече Мицкоски.

Мицкоски го повика претседателот Пендаровски до крајот на денот да продолжи вонредната состојба и ги изнесе барањата на ВМРО ДПМНЕ за инклузивни изборите.

Да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа да имаме фер, демократски, инклузивни избори во оваа држава. Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе бидат во Македонија, веднаш по одржаната нивна прва прес конференција, следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација, она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија го антиципира ме првата возможна дата е средината на месец јули. – рече Мицкоски.

Лидетот на ВМРО ДПМНЕ најави дека по завршувањето на изборите, на кои тој е убеден дена неговата партија ќе однесе убедлива победа ќе има одговорност за се што се сличувало во земјата изминатите три години.

OhridNews