Денес имаме нова влада со стари, истрошени, компромитирани и транзициски кадри, изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Кадрите се исти и стари, но и ветувањата се стари и истите оние кои не ги исполнија. Ништо ново, ветуваат просечна плата од 600 евра кога неисполнија ветување од 500 евра. Па во меѓувреме, од митинзите пред избори до вчерашната собраниска седница си го намалија сопственото ветување па ветуваат 570 евра просечна плата, која исто така најверојатно нема да ја исполнат.- рече Мицкоски.

Мицкоски ги критикуваше најавените проекти, посочувајќи дека тоа се истите работи кои и претходно биле ветувани од оваа владина коалиција.

Заев ветува дека ќе се борел за правда, човекот кој едно исто со криминалот во земјава. Тоа е владата со истите луѓе кои го правеа рекет, кои направија шума од стеблата со непотизам, тендери во 4 очи, луј витон чанти, градоначалници шверцери.

Влада водена од истите луѓе кои земјава ја вброија со Боцвана и Сенегал како хибриден режим, кои според Економист сме најкорумпирана држава во Европа, на листата на Транспаренси сме на 106то место последни во Европа, а во друштво со Сомалија, Брегот на слонова коска.- рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ упати критики и за начинот на кој земјата се справива со kовид кризата, посочувајќи дека државата се справува убедливо најлошо во цела Европа.

Мицкоски ги критикуваше и состојбите во образованието, правосудниот систем и економијата, каде, како што рече, имаме зголемување на долгот на една милијарда евра за 6 месеци и буџетски дефицит од 520 милиони евра за само 7 месеци..

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш јавно ја обвини власта дека извршила масовен поткуп на вонредните избори. Потоа се осврна на внатрепартиските превирања, најавувајќи дека нема намера да си поднесе оставка а енергијата ќе ја насочи на соборување на, како што истакна, мафијашката власт.

Како ќе се однесува ВМРО? Со жестока критика на страна на народот, со организирани масовни граѓани протести, бидејќи ова не е само моја битка туку на народот против неодговорната и криминална влада.

И сосема на крај да одговорам на сите прашања поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, збор два за оние иницијативи кои одат во користсамо на СДСМ и Зоран Заев. Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев. Ваквите теми само одат во прилог на оние против кого се бориме.- додаде Мицкоски.

Според Мицкоски иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ има единствена цел, такавиканата “Хотел коалиција” да одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев.

Г. М.