Целата нивнакампања всушност беше враќање во минатото. Тие не понудија ниту план за општините ниту за Македонија. Цело време во негативната кампања враќаат снимки од пред седум, осум, десет години. Еве сега се враќа во 2001 година. А токму неговиот коалиционен партнер, токму тој на митинг во Сарај и Кичево, ја славеше херојската епопеја од 2001 година. Токму тој, Артан Груби, ме навредуваше мене, други луѓе и ги величеше тие кои беа во 2001 година. Ова вчера во Пешнаи, охридско, го истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за доколку ги изгубат изборите дека ќе се вратат во 2016 година, па можеби и во 2001.
Со еден чекор сме горе на планината и ќе поставиме уште едно победничко знаме на слободата, напредокот и интеграциите. Но, и со еден чекор сме низ брзо назад во 2016 година, а којзнае можеби и во 2001 година. Во ризици, неизвеснот, криза, изолација. Ова е време кое бара одважност, да се издигнеме над себе и личните очекувања и кочниците кои сите ќе не вратат назад, да ги претвориме во силата која ќе повлече напред. Затоа што должност ни е да одиме напред. Тоа единствено е можно личното добро низ заедничкото добро да го оставриме на потешкиот начин. Извлековме пораки дека или ќе бидеме сите среќни или нема среќа за никого, рече во спомнатата изјава Заев.
Не гледам како и кој го мотивира да дава вакви погрешни изјави со кои не само што го потценува народот, туку создава и дополнително делење, рече Мицкоски.
Тие што викаа дека ќе имаме едно општество за сите, сега се прават за да немаме ние едно општество за сите, туку да бидеме што е можно поподелени, осиромашени, обесхрабрени и луѓето да ја изгубат вербата во системот. Токму тоа се луѓето кои се причината за оваа денешна состојба. А лекот за тоа е новата иднина. Ние нема да ја вратиме Македонија во 2001 година, ние ќе ја однесеме најпрво во 2022, а потоа онаму каде што и е местото, полноправен член на Европската унија, со големи успеси во економијата, борбата со организираниот криминал и корупцијата во државата, многу реализирани проекти и подобар живот за нашите сограѓани, додава Мицкоски.
Денеска, пак, во гостување на Тв Клан Мицкоски ги обвини владејачките СДСМ и ДУИ дека дека подгреваат етнички тензии, за, како што рече, да добијат по некој тендер повеќе. Оние кои ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните во етнички контекст треба да заминат во политичка пензија, порача Мицкоски.
OhridNews