Таткото на покојната пејачка Ејми Вајнхаус, Мич, ќе напише книга за животот на својата ќерка, која би требало во книжарниците да се појави следното лето. Издавачката куќа „ХарперКолинс“ соопштила дека Мич го договорил пишувањето на биографијата „Ејми, мојата ќерка“ и дека во книгата ќе се говори за нејзиното детство, музичката кариера, но и проблемите со зависноста.
Финасиските услови не биле откриени, а средствата од продажбата на книгата ќе бидат уплатени во фондацијата „Ејми Вајнхаус“ која ја основал нејзиниот татко и која им помага на проблематичните деца и тинејџери.
Ејми Вајнхаус почина во јули оваа година на 27годишна возраст.