Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски од 13-15 декември учествуваше на најјакиот меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “10 Кинг оф Таеквон-до” во Солун, Грција, на кој имаа пријавено учество 1239 натпреварувачи од 17 земји ширум светот.

Боите на нашата држава ги претставуваа 8 натпреварувачи кои и овој пат покрај огромната конкуренција и пристрасноста на домашните судии освоија 1 златен и 5 бронзени медали.

М.Т.Т.Ф ја претставуваа 3 официјални лица, 2 национални тренери и 8 натпреварувачи, од клубовите ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, ТК “МАСТЕР” Охрид, ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга и ТК “АХИЛИУС “Скопје.

Миа Танеска која е една од нашите помлади натпреварувачки и само пред неколку дена наполни 12 години со што влезе во повозрасна категорија, кадетки 12-13 години, иако најмлада во категоријата докажа дека вреди во неа да се вложува, повторно искачувајќи се највисоко на пиедесталот со пет победи осовјувајќи го златениот медал во форми и со две победи над домашни претставнички освојувајќи бронзен медал во борби. Со освојувањето на двата медали во двете дисциплини го доби и пехарот за најдобра кадетка 12-13 години, вели Лазаревски.

Со два бронзени медали во категорија У-18 години, форми и борби, се закити Теодора Митреска, а бронзени медали освоија во сениорска конкуренција и Божидар Димитриевиќ и Марио Крстески.

На Хриситјана Парулеска поради повреда на коленото, не и беше дозоволено да се бори од страна на докторската екипа.

Одлично се претставија сите наши натпреварувачи, посебно Давид Крстески и Владимир Димитриевичќ, демонстрирајќи доминантни борби над домашните претставници, но за жал судиите безобразно им ги одзедоа победите, што резултираше со негодување и протести, од сите репрезентации. За жал многу натпреварувачи од сите репрезентации што учествуваа беа оштетени од страна на домашните судии, додава Лазаревски.

Воедно упатува благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Министерство за спорт и Општина Охрид.

OhridNews