Романец останал без зборови кога му рекле дека не може да добие лична карта бидејќи е мртов веќе 14 години.

„Ми рекоа дека сум умрел во 1994 година од некаква болест на белите дробови. Ми се чини и дека ми е направена обдукција, а потоа ме закопале во соседниот град“ – рекол Георги.


Службената истрага докажала дека забуната ја предизвикала полициско известување. Маж со исто име умрел во болница. Георги сега ќе мора да почека судот да ја поништи неговата смрт.