Судијката Весна Димишкова доцна вечерва му определи 30 дневен притвор на ексдиректорот на тајната полиција Сашо Мијалков, по барање на СЈО, дознава „Макфакс“. Попладнево околу 15 часот Мијалков беше спроведен од затворот Скопје во кривичниот суд, придружуван од десетина припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Притворот за Мијалков му е определен поради влијание врз сведоци и опасност од бегство.

Неговиот адвокатски тим има 24 часа да поднесе жалба на решението до кривичниот совет на скопска единица. За Мијалков во моментов има 4 активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“, како и истрагата за случајот „Империја“.

Мијалков е во притвор од 20 ноември на барање на специјалното јавно обвинителство за случајот со масовното прислушување. Ова е прв случај на СЈО да се бара нов притвор за лице кое веќе се наоѓа во притвор.

OhridNews
извор: „Макфакс“