Светска здравствена организација следниот месец ќе го прогласи еден од најчестите вештачки засладувачи во светот за можен причинител за рак, јавија светските агенции, повикувајќи се на два извори запознаени со процесот.
Аспартамот, кој се користи во низа производи од диетални газирани пијалоци на Кока-Кола до гуми за џвакање на Марс и некои пијалоци Снејпл, ќе биде опишан за прв пат во јули како „можен канцероген за луѓе“ од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), одделот за истражување на ракот на Светската здравствена организација (СЗО), велат изворите.
Меѓународната агенција за истражување на ракот, чиј заклучок беше финализиран претходно овој месец по состанокот на надворешните експерти на групата, има за цел да процени дали нешто е потенцијална опасност или не врз основа на сите објавени докази. Таа не се занимава со тоа која количина од производот едно лице може безбедно да ја консумира.
Таквата препорака е дадена од друг стручен одбор на СЗО за адитиви во прехранбените производи, познат како JECFA (Заеднички експертски одбор на СЗО и Организација за храна и земјоделство за адитиви во прехранбените производи) и национални регулатори.
Слични заклучоци на Меѓународната агенција за истражување на ракот во минатото, за различни супстанции, предизвикаа загриженост кај потрошувачите во поглед на нивното конзумирање, доведоа до тужби и извршија притисок врз производителите да ги преиспитаат рецептите и да ги заменат со алтернативи.
Ова доведе до критики дека проценките на Меѓународната агенција за истражување на ракот може да ја збунат јавноста.
Стручниот одбор на СЗО за адитиви во прехранбените производи исто така ја разгледува употребата на аспартам оваа година.
Неговиот состанок започна на крајот на јуни, а неговите наоди треба да бидат објавени истиот ден кога Меѓународната агенција за истражување на ракот го објави својот заклучок односно на 14 јули.
OhridNews