Меѓународен турнир во кошарка „КК Колибри“- Охрид во категорија: девојчиња и момчиња, генерации М9, М12 и М14 ќе се одржи од утре до 21 jуни во спортската сала „Билјанини Извори“ – Охрид. Натпреварите ќе се играат од 9 до 12 часот и од 16 до 22 часот.

На турнирот ќе настапат екипите на МБА Академија – Крагуевац, Р. Србија, Елит Баскет – Тирана Р. Албанија, КК Волвс – Корча, Р. Албанија, КК Гостивар – Гостивар, КК Куманово – Куманово, КК Црн Дрим – Струга, ЖКК Струга 2009 – Струга, ЖКК Кичево – Кичево и екипи од КК Колибри.

На едно место ќе бидат собрани 200 деца. Најуспешните во своите категории ќе бидат наградени. Овој турнир го организираме по трет пат со поддршка на Општина Охрид. Голема благодарност и до нашите спонзори, пријатели и подржувачи сите овие години, без кои овој турнир не може ни да се замисли. Ветуваме добри натпревари, многу кошеви, забава и изненадување за најмалите, велат организаторите.

Посочуваат дека свеченото отварање ќе се одржи во вторник, 18 јуни, со почеток во 19 часот.

OhridNews