Регионaлниот центар за средно стручно образование “Ванчо Питошески”- Охрид, од 28 септември до 1 октомви, ќе биде домаќин на единаесеттиот по ред, Меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS – 2023), од земјите настанати од поранешната југословенска федерација.
Ќе учествуваат вкупно 15 училишта од местата: Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Опатија, Осиек и Сплит (Хрватска), Бања Лука и Предор (Босна и Херцеговина – Република Серпска), Белград, Смедерево и Лесковац (Србија), Бар и Херцег Нови (Црна Гора) и Охрид, Македински Брод (Република Македонија).
Околу 200 учесници, ќе се натпреваруваат во хотелот “Метропол – Белви”, на брегот на Охридското Езеро, во дисциплините, угостителско послужување и подготовка на туристички аранжман, со посебен нагласок на планинскиот и рурален туризам.
Предвиден е организиран разглед на најзначајните споменици на историјата и културата во старото градски јадро, манастирскиот комплекс “Свети Наум” и локалитетот- наколно живеалиште “Залив на коските”.
За најдобрите предвидени се пригодни награди и признанија.
OhridNews