Хотел „Метропол“ го доби признанието „Хотел на годината за 2014 година“ од страна на тур-операторот Корендон, кој во текот на изминатите години континуирано носи холандски и белгиски туристи на Охридското крајбрежје.

Високото признание го прими управникот на хотел „Метропол“ Гоце Пуцоски.

Хотелот „Метропол“ има категоризација од 4 ѕвездички и располага со 110 двокреветни соби, 4 стандардни апартмани, еден резидент-апартман и еден делукс-апартман. Исто така хотелот располага со бизнис-сали за состаноци, банкетна сала, ресторан, добро опремена кујна и пространа отворена тераса.

OhridNews