Методи Перунковски од Гевгелија победи на 8-от Државен натпревар за бармени и флертендинг, што вчера се одржа во кафе бар „Ликвид“ во Охрид.
Методи Перунковски
Во конкуренција на 18 бармени кои подготвуваа класични коктели, 12 изборија пласман во финалето, а според оценките на стручното жири Методи Перунковски ја понесе титулата државен првак и ќе ја претставува Македонија на светското првенство што оваа година ќе се одржи во Бугарија.
Второто место го освои Никола Јосески од Струга, а трет беше Васил Пеевски од Скопје.
Никола Јосески
Васил Пеевски
Во конкуренција на флертендери, имаше само еден учесник, Александар Бошев од Кавадарци, кој е нов државен првак и исто така ќе учествува на претстојното светско првенство.
Александар Бошев
-За жал порано не имаше повеќе, се натпреварувавме по 7-8 бармени, но сега ете настапив сам. Од економски причини најдобрите бармени заминуваат на работа во странство, но што е тука е следи светското првенство на кое се надевам ќе се претставам во добро светло, рече Бошев, кој инаку работи во Хрватска.
Организатор на државното првенство беше Здружението на бармени на Македонија.
-За прв пат државното првенство се одржува во Охрид и помина одлично. Секоја година квалитетот на нашите бармени е се подобар и подобар тоа се гледа и преку нивните креации и нивните коктели.-изјави Филип Арнаудов, потпретседател на Здружението на бармени на Македонија.
Државниот натпревар за бармени и флертендинг предизвика голем интерес кај охриѓани, кои имаа можност да уживаат во коктелите на најдобрите бармени флертендери во земјата.
Г.М.