На првото општинско првенство во шах “7 Ноември 2021” учество зедоа 23 шахисти од Општините Охрид и Дебарца, информираше организаторот, шаховскиот клуб „Ласкер“ Охрид.

Турнирот беше организиран по повод 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, а како што велат организаторите, намерите се да прерасне во традиционален турнир кој ќе се игра секоја година.

Се играше во 9 кола на Швајцарски систем со темпо на игра 10 минути + 5 секунди на секој потег. Најуспешен беше Методија Анѓелкоски со освоени 7 поени од 9 партии, второто место го освои Константин Лушески со 6,5 поени, а третото место Јана Анѓелкоска исто така со 6,5 поени, информираат од ШК „Ласкер“ 

Турнирот се одржа во просториите на ООУ Братство Единство Охрид.

 

OhridNews