Центар за култура „Григор Прличев“

Од 23.11.2018 - 20:00 до 23.11.2018 - 21:30

Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот, за првпат преведен и поставен во Македонија.
“Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, од петок, 23 ноември, ќе биде на редовниот репертоар на Народен Театар Охрид.

Режијата е на Ирена Стеријовска, а во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов.

Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”?

Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса. – вели реисерката Ирена Стеријовска.

Претатавата „Метод“ ќе биде изведена на малата сцена при Центарот за култура со почеток во 20 часот.

Цена на билет: 200 денари.

OhridNews