Центар за култура „Григор Прличев“

Од 10.11.2018 - 20:00 до 10.11.2018 - 22:00

Народниот театар Охрид, во сабота 10 ноември, премиерно ќе ја изведе новата претстава „Метод“ од Жорди Галсеран, а во режија на Ирена Стеријовска.

Метод е приказна што се случува сега, на илјадници места. Во неа се зборува за новиот свет полн со замки, трикови и големи очекувања. Свет во кој се е на дофат ако се плати вистинската цена. Тука човечките чувства се валута со која најлесно се тргува.

Оваа претстава зборува за последносто интервју на финалните четри кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? – вели режисерката Среријовска.

Актерската екипа во претставата ја сочинуваат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов. Идејно решение за сценографија Стефан Спировски, а костимографијата е на Ана Кркулеска Попоска. Изборот на музика го направи Ирена Стеријовска, а композитор на темата “Tango Mastergame” е Ермаљ Мехмети.

Премиерата е на малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот. Билетите за премиерата чинат 300 денари. Ден порано, во петок, е закажана претпремиера на претставата „Метод“, исто така во 20 часот. Билетите за претпремиерата чинат 200 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за помош на Сара Настеска на која и е потребна трансплантација на коскена срж.

OhridNews