Еден од најпознатите музичари на охридско-струшката ривиера, Мето ди Флеш, буди спомени со римејкот на песната „Ха, ха“. Оригинално таа е издадена пред повеќе од две децении од неговиот матичен бенд „Ден потоа“, а со освежувањето „Ха, ха“ доби нова енергија.

Моја драга песна која одбележа едно електронско доба на Ден потоа. Потполно е пресвирена и преаранжирана. Реакциите се повеќе од поволни што и тоа беше мојата желба да пробуди емоции кај повозрасните и фановите на бендот. Да не врати назад во еден нов пакет. 2020-та убаво ни се насмеа во фаца и ја покажа нашата немоќ од тука и симболиката на “Ха ха 2020” е уште поголема. Нека новата година ни биде многу поубава и посреќна! – порачува секогаш позитивниот Мето ди Флеш.

OhridNews