Холивудскиот актер Метју Пери ја продава својата вила за 13,5 милиони долари. Ѕвездата на серијата „Пријатели“ се одлучил куќата во Малибу да ја продаде за двојно поголема цена од онаа за која ја купил. Куќата „Пјер“, како што ја нарекол популарниот актер, има четири спални соби и пет тоалети, а речиси сите соби имале поглед на Пацификот.
Судејќи според се, Метју Пери исклучително ја сака модерната архитектура. Еден од тоалетите има шетачко огледало и прозорци кои се поместуваат во зависност од светлото, а некои од собите имаат телевизор кој го зафаќа целиот ѕид. Сепак, куќата не би била потполна доколку би го немала светлечкиот базен кој се гледа од океанот.