Актерот Метју Пери, ѕвездата на една од најпопуларните и најгледани серии на сите времиња легендарните „Пријатели“, неодамна извреѓал една обожавателка и одбил да и даде автограм само затоа што не сакал да се сеќава на серијата која го прославила како актер.
Непознатата девојка на паркингот на еден ресторан му рекла дека ја обожава серијата „Пријатели“ и му рекла дека би сакала да има негов автограм. Актерот потоа ја извреѓал и и рекол дека таа серија повеќе ништо не му значи бидејќи снимањето се завршило во далечната 2004 година, и дека тој период бил далеку зад него.