Актерите Метју Меконахи и Скарлет Јохансон се нашле во реклама за модната марка Долче и Габана, која ја режирал познатиот режисер Мартин Скорсезе за време на минатиот викенд во Њујорк. Јохансон изгледала гламурозно во црн фустан до колена, со чипкасти ракави и црни сандали кои биле отворени на петата, додека Меконахи носел едноставно црно одело од оваа луксузна марка.


Меконахи се појавува во филмот на Скорсезе „Волкот од Вол Стрит“, со Леонардо ди Каприо, додека Скарлет ќе се појави вонаучнофантастичната романса “Her” на Спајк Џонс наместо Саманта Мортон.