По минатонеделниот студен бран што ја зафати Македонија, проследен со врнежи од снег и температури под нулата, за денеска метеоролозите најавија пролетни температури до 19 степени Целзиусови.

ОД УХМР најавуваат дека времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Во одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб доумерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од минус два до четири, а дневната од осум до 19 степени.

Минатата недела, а особено викендот, на територијата на Македонија имаше врнежи од снег, проследени со ниски температури, кои во оредени делови се спуштија до – 13 степени.

Ohridnews