Поминаа четири дена, откако метеор навлезе во атмосферата над руската Челјабинска Област, кој предизвика материјална штета од околу 24 милиони евра.
Според информациите на руското министерство за внатрешни работи, најтешко оштетен е спортскиот зимски дворец, додека од парчињата метеор оштетени се 93 болници и поликлиники, како и 21 социјални институции, меѓу кои старски и детски домови.
Иако парчината метеор предизвикаа паника меѓу населението во оваа област, странските новински агенции пренесуваат дека животот во Челјебан продолжува со нормален тек.
Поради повреди од метеорскиот дожд хоспитализирани се 1200 лица, додека околу 4000 се јавиле да побараат помош на бројот за итни случаи.
Инаку, метеорот со дијаметар од 15 метри и маса од околу 7.000 тони, навлегол во атмосферата на Земјата со брзина од 64 илјади километри на час, а експлодирал на височина од 19 до 24 километри.
OhridNews
Фото: Игор Каритонов, Сергеј Чириков