Руските метеоролози предвидуваат дека оваа зима ќе биде најстудена во Европа и делови на Русија во последните 1000 години, јавува „Макфакс“.

Метеоролозите се повикуваат на слабеење на Голфската струја што го носи топлиот воздух преку Атланскиот океан, како противтежа на ветриштата од Арктикот што патуваат кон Европа и Русија.

Мислењата се различни. Научниците се загрижени поради намаленото струење последните години, а некои експерти тврдат дека тоа би можело да помогне во борбата со глобалното затоплување, пренесува магазинот „Тајм“.

Метеорологот Сту Остро е скептичен околу најавената зима.

„Оваа прогноза се чини како нагаѓање и сензација без потврда“, рече Остро. Според него, прецизни податоци за рекордните температури не се достапни ниту за последните 1000 години.

OhridNews
извор:„Макфакс“