По долгиот период на топло време денес ќе биде прекинат со дожд најавуваат од УХМР. Влажниот бран ќе донесе освежување со локален дожд и благ пад на температурите во Македонија.

Метеоролозите од утре најавуваат стабилизација на временските услови и  благ пораст на температурите. Според нив до крајот на месецов нема да има позначителни промени и натаму ќе се задржи суво и топло време.

Особено топло ќе биде в петок и претстојниот викенд, а дневните температури ќе се движат помеѓу 28 и 36 Целзиусови степени.

Ohridnews