Американката Емили Леонард, водителка на телевизијата КАМЦ во Тексас, се изненадила кога најавувајќи ги спортските вести го видела своето момче, Мет Лаубхан, метеролог од конкурентската телевизија КЛБК. Мет рекол дека спортот малку ќе мора да причека поради новите ударни вести. Им се обратил на гледачите и рекол дека Емили не е само откачена и забавна девојка која ја гледа секое утро, туку и љубовта на неговиот живот. Потоа им рекол да се раскомотат и да гледаат како ќе ја расплаче девојката. Емили се смеела и го покривала лицето со рацете додека Мет и приоѓал. Сметал  дека таа сигурно има водоотпорна шминка и не му било јасно зошто не плаче.


„Би сакал да знам дали ќе се омажиш за мене. Што мислиш за тоа?“ – ја прашал Мет клекнувајќи пред неа.

Емили, која признала дека се тресе, заплакала и неколку пати повторила дека сака да се омажи за него, по што тој и ставил прстенот на раката.