УХМР најавува дека во текот на следната недела, претежно во попладневните часови, ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи. УВ=8.

Во Охрид ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе се искачи до 32 степени.

OhridNews