Позначителна промена на времето ќе има во текот на претстојната ноќ и утре кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд (над 20л/м2), предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а во источните делови се’ уште ќе има услови за локален дожд.
Дневната температура во наредните два дена значително ќе се намали, информира УХМР Македонија.
OhridNews